Дачиќ: Србија е подготвена за компромис

Дипломатската активност на Србија е насочена кон тоа да биде најдено трајно решение за косовскиот проблем, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

- Сите средби, кои се одржуваа и ќе се остваруваат, се многу важни како подготовка на теренот за некакво взаемно прифатливо решение за Косово. Србија е подготвена за компромис и ние направивме некои многу важни отстапки, изјави Дачиќ за телевизија Прва, коментирајќи ја денешната посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Германија.

Тој рече дека шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан се воодушевил од „волјата и подготвеноста на Србија“ да вложи многу со цел да се постигне трајно решение.

- Без Франција и Германија тешко дека може да се договори решение со европските партнери, изјави Дачиќ.

Говорејќи за формирањето на Заедницата на српските општини во Косово, Дачиќ рече дека е многу важно да се види како тие официјални лица реагираат на случувањата околу ЗСО.

- Дури поранешниот премиер на Шведска, Карл Билд се потсмеваше на мислењето на тимот на Федерика Могерини дека ќе се тргне кон подготовка на ЗСО, пет години по склучувањето на Бриселскиот договор. Ја поздравуваме оваа желба да се тргне од мртвата точка и дури и во најтешките моменти не сме кажале дека го прекинуваме дијалогот, изјави Дачиќ, додавајќи дека ЗСО е клучен тест за Приштина и ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...