Деветнаесет години од бомбардирањето на РТС

Со полагање на венци и цвеќе на спомненикот „Зошто“ денеска ќе биде одбележана 19-годишнината од загинувањето на вработените во Радио-телевизија Србија при бомбардирањето во 1999 година.

На комеморацијата ќе присуствуваат и Жени во црно и Жени од заедницата на жртви и преживеани од Босна и Херцеговина од подрачјето на Зворник.
НАТО рано утрото на 23 април 1999 година ја погоди зградата на РТС со два проектила, при што загинаа 16 вработени.

Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајрс воч“ во 2000 година соопшти дека немало никакво оправдание за бомбардирање на зградата на РТС, додека лидерите на НАТО тврдеа дека нападот бил оправдан.

Поранешниот директор на РТС, Драгољуб Милановиќ во 2002 година е осуден на 10 години затвор бидејќи не ја спровел наредбата на тогашната Сојузна влада за дислоцирање на луѓето и техниката. Неговата казна истече на 1 септември 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...