Тачи: Воените злосторници се уште не излегле пред лицето на правдата

Приштина, 22 мај 2018 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи, сеќавајќи се на 19-та годишнина од масовното убиство и тортури врз затворениците Албанци од страна на српските сили во затворот Дубрава за време на косовската војна, изјави дека авторите на ова злосторство се уште се на слобода, јави дописникот на МИА од Приштина.
Овој настан, познат во Косово како „Дубравски масакр“, Тачи го оквалификува како „една од најголемите трагедии за време на војната од 1999 година“.
- На годишнината од масакрот во затворот во Дубрава се сеќаваме на сите затвореници Албанци кои беа не само систематски персекутирани, туку и крвнички убивани од српските полициски сили. Имајќи информација дека овој затвор ќе биде бомбардиран од северноатлантските сили, српските власти тие денови таму екстрадираа многу затвореници Албанци, за да ги убијат и вината да ја префрлат на силите на НАТО. Дубравскиот масакр е една од најголемите трагедии, чии автори се уште не излегле пред правдата, напиша косовскиот претседател во својот профил во Фејсбук.
Косовските медиуми потсетуваат дека на денешен ден пред 19 години во Дубрава е извршено едно од најголемите злосторства врз Албанците во Косово од страна срепските сили, кога во кругот на затворот биле убиени 160 затвореници Албанци и ранети над 300 други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...