Приштина го потсетува Вучиќ дека 1 720 дена не го исполнил договорот што го потпишал

Шефот на косовскиот тим за преговори со Србија, Авни Арифи, денеска потсети на договорот кој во Брисел беше потпишан пред помалку од пет години, а кој се однесува на електричната енергија, јавува дописникот на МИА од Приштина.



По зачестените изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Приштина не ги почитува договорите од преговорите со посредство на Брисел, Арифи потсети дека на 8 септември 2013 година е потпишан договорот кој до ден денес Белград не го испочитувал.

- Да го потсетиме српскиот претседател дека тоа значи оти пред 1 720 дена српската држава потпиша договор, но имплементацијата никогаш не започна. Трогателни зборовите на г-дин Вучиќ за довербата, напиша Арифи.

Српскиот претседател Вучиќ, во последно време често дава изјави дека само Белград ги исполнува обврските преземени со бриселските договори, додека Приштина своите обврски не ги исполнува, а „меѓународната заедница тоа го толерира“. Ваквите чести изјави на Вучиќ, многумина ги поврзуваат со оддолжувањето на процесот на формирање на Заедницата на српски општини во Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...