Тачи потрошил над 500.000 евра државни пари на лобирање за средба со Трамп

Приштина, 8 јуни 2018 (МИА) - Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи од буџетот на Косово и платил 517.198,56 евра на американска лобирачка компанија блиска до претседателот на САД, Доналд Трамп, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во договорот со компанијата „Балард Партнерс“ се наведува дека овие над половина милион евра се платени за „консултантски услуги“, за потребите на косовското Претседателство.
Според косовската телевизија КТВ, компанијата не е случајно избрана, со оглед на блискоста на нејзините раководители со Администрацијата на претседателот Трамп, со кого Тачи бара да се сретне во Белата куќа.
Информацијата ја обавил и самиот шеф на компанијата, Брајан Балард, чиј правен сектор соопшти дека тој на 20 април годинава се сретнал со Трамп во Мар-А-Лаго и му го пренел барањето на косовската амбасадорка во Вашингтон, Вљора Читаку за средба со Тачи.
Сомнежите за злоупотреба на јавни пари од страна на Тачи ги покрена парламентарната опозиција во Косово, по што е најавено дека фактите ќе бидат утврдени од страна на собраниска комисија која се очекува да се формира специјално за овој случај.
Пратеникот на Социјалдемократкста партија, Фатон Топали, покрај овие, споменува и милион евра јавни пари, за кои известуваат и медиумите во Приштина, кои наводно Тачи ги платил за објавување и промоција на неговата биографска книга „Нова држава, модерен државник“, за која се ангажирани познати британски новинари.
Тачи неговата биографска книга ја промовира низ Европа, па така, меѓу другите, пред десетина дена беше во Виена, а минатата недела и на Универзитетот во Оксфорд.
КТВ наведува дека се уште не се знае дали 517-те илјади евра ќе резултираат со средба на Тачи со Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...