Уапсен грчкиот пратеник кој повика на воен удар

Атина, 18 јуни 2018 (МИА) - Во стан во северниот дел на Атина рано утрово е уапсен пратеникот Константинос Барбарусис, по кој полицијата трагаше од петокот, откако успеа да им побегне на полициајците со службениот автомобил движејќи се со брзина од 180 километри на час.
Од автомобилот што го пренесуваше од централната зграда на полицијата кон Судот во Атина, Барбарусис кон новинарите извика: „Македонија е грчка“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, и покрај тоа што во изминатите денови потрагата на полицијата беше насочена кон градот од каде што потекнува, Барбарусис беше уапсен од секторот за борба со тероризам во грчкиот главен град, веројатно во стан на негова пријателка.

Грчкото обвинителството, по поднесената тужба од министерот за одбрана Панос Каменос и алтернативниот министер за одбрана, Фотис Кувелис, покрена обвинение против Барбарусис за велепредавство, врз основа на кое и беше уапсен.

Пратеникот, кој повеќе не е член на Златна Зора, во петокот говорејќи од парламентот ја повика војската да ги уапси грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерот Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос, по што неговата партија беше исклучина од расправата.

И покрај тоа што членовите на пратеничката група на Златна зора, со аплауз го поздравија говорот на Барбарусис, веројатно за да избегнат дополнителни прекршувања на законите (во Грција се уште трае процесот против Златна зора), кусо подоцна тој беше исклучен од партијата.
Барбарусис, освен што се гони кривично за велепредавство по изјавата од собраниската говорница, се товари и за обид да им побегне на властите, на опасен начин и со ризик да предизвика сообраќајна несреќа.

Како што во саботата објави МИА, пратеникот, за да не биде уапсен, на автопат во Грција, не застанал на полицискиот знак и со брзина од околу 180 километри на час, им избегал на полицајците кои што го бркале. Грчките медиуми коментираа дека во петокот вечерта се одвивала филмска брканица во лоши временски услови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...