Тачи: Време е да постигнеме историски договор со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи, во пресрет на средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ, што ќе се одржи в недела во Брисел, изјави дека таа е мошне значајна, бидејќи претставува финална фаза пред постигнувањето договор меѓу Косово и Србија за помирување на двата народи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи на прес-конференција во Приштина изјави дека за нормализација на односите меѓу двете земји се заинтересирани и САД и Европската унија, од кои добил поддршка.

- Наша цел е во оваа завршна фаза да биде постигнат правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, кој ќе овозможи нормализирање на односите меѓу нашите земји и народи. Време е по овие преговори, кои на еден или на друг начин продолжуваат, да се потпише историски договор, со кој ќе се стави крај на една трагична епоха за односите меѓу двете држави, потенцира косовскиот претседател.

Тој нагласи дека е свесен оти следат тешки преговори, но порача дека „Косово нема зошто да се плаши од дијалогот, ниту пак од неговиот епилог“.
- Како општество и политика, Косово ја имаше потребната храброст, знаење и организираност, меѓусебна согласност, како на конференцијата во Рамбује, така и во Виена, преку преговори и праведна борба да прогласи независност и да формира држава, рече Тачи.

Тој нагласи дека постигнувањето договор со Србија е неопходно за забрзување на интегративните процеси на Косово.

Средбата на Тачи и Вучиќ в недела во Брисел ќе се одржи со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...