Бериша: Рама и отстапува на Грција 1.200 километри од морето

Поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, денешниот ден го нарече ден на национална жалост, поради тоа што „премиерот Еди Рама во Лондон и отстапил на Грција дел од морето“.

За Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициските демократи, тоа е повторно распарчување на нацијата, по она од 1913 година.

- Пријатели, денеска во Лондон, Едвин Кристаќ Рама, со еден голем чин на национално предавство, заедно со Алексис Ципрас, изврши второ распарчување на албанските територии, по 1913 година, врз основа на договор направен од алфа до омега во Атина. Грција и зема на Албанија 1.200 километри од морската површина, а со тоа и трилиони барели нафта и кубни метри гас, најголемите гасни и нафтени полиња во Медитеранот, напиша Бериша на Фејсбук по веста дека во Лондон ќе се сретнат Рама и Ципрас.

Според овој договор, додава Бериша, Грција ги проширува своите територијални води од шест до 12 километри, додека со другите два соседа, Италија и Турција, таа потпишала за само шест километри.

- Освен тоа денеска во Лондон, Рама ја предаде и понижи честа и достоинството на албанската нација, одлучувајќи да ги избрише зборовите „Чам“ и „Чамарија“ од мапата на земјината топка и како еден од најлудите непријатели во националната историја на Албанците, тој ги погази историја, предизвиците, геноцидот врз напатените Чами и Чамарија, обвини Бериша.

Медиумите во Тирана наведуваат дека Рама и Ципрас на денешната средба ќе се согласат за денот на потпишувањето на договорот со кој Албанија и отстапува дел од Јонско Море на Грција, но дека во тој документ воопшто не се споменуваат Чамите (протерани Албанци од областа Чамарија, во северниот дел на Грција).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Решил мажот да провери дали жена му го изневерува, па ја прашува:
- Жено, знаеш ли ти дека во зградава имаме жена што мажот никогаш не го изневерила?
- Не зафркавај, која...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Ден на македонското новинарство
1600.- По пресудата на инквизицијата на...
1653.- Роден е Арканџело Корели, италијански...
1673.- Умре Жан Батист Поклен Молиер, француски...