Само казнувањето на авторите на геноцидот во Сребреница ќе ја излечи болката

Косовскиот претседател Хашим Тачи потсети денеска на масакрот во Сребреница, кој се случи на денешен ден пред 23 години, порачувајќи дека Косово никогаш нема да се откаже од потрагата по вистината и казнувањето на авторите на такви злосторства, јавува дописникот на МИА од Приштина.

- Денеска сме заедно со граѓаните од цел свет, кои се сеќаваат на најголемиот масакр по Втората светска војна во Европа, масакрот во Сребреница. Деца, жени и мажи беа ѕверски убиени и, затоа, само признавањето на минатото и казнувањето на авторите на геноцидот, ќе ја излечи болката на нивните семејства, напиша Тачи на Фејсбук.

Овој масакр, кој беше осуден од цел свет, вели Тачи, „за жал не го спречи режимот на (Слободан) Милошевиќ да изврши други масакри во Косово, со димензии на нов геноцид“.

- Република Косово никогаш нема да се откаже од барањето на вистината и казнувањето на авторите на тие масакри, порача косовскиот претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...