„Коха Диторе“: Србија планира да го дели Косово преку Заедницата

Прифаќањето на дебатата со Белград од страна на косовската страна за поделба на Косово или за размена на територии, во рамките на опциите за постигнување законски обврзувачки договор, ќе има тешки последици, пишува денеска „Коха Диторе“.

Домашни аналитичари, како што јавува дописникот на МИА од Приштина, во изјави за весникот напоменуваат, дека, иако не е јавно и официјално кажано, територијалната поделба цело време е дел од калкулациите на српската страна.

Според политикологот Бељул Беќај, Србија настојува до поделбата на Косово да дојде преку Заедницата на општини со мнозинско српско население, за која се инсистира да добие извршни надлежности.

Својата анализа Беќај ја заснова нпред се на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ дека сега и Американците ги интересира неговото мислење за наоѓање решение за косовското прашање.

- Затоа, териротијалната поделба не е исклучена од натамошниот дијалог меѓу Косово и Србија, изјави Беќај за „Коха Диторе“.

Во очекување на продолжението на дијалогот меѓу Приштина и Белград во Брисел, во Косово се прават обиди за обединување на политичкиот спектар и создавање на заедничка платформа за финалните преговори. Пречка во овој правец претставува противењето на опозицијата да го легитимира претседателот Хашим Тачи акко главен преговарач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...