САД и дала на Црна Гора 55 милиони долари за да се дистанцира од Милошевиќ

Администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон им давала значајна политичка и финансиска поддршка на црногорските власти откако претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ се дистанцирал од политиката на Слободан Милошевиќ, пишува локалниот весник „Вијести“.

Според весникот, тоа може да се заклучи од документи кои кон крајот на минатата недела биле објавени на сајтот „Претседателска библиотека и музеј на Бил Клинтон“, во кои се наведува дека администрацијата на поранешниот претседател на САД само во 1999 година ја помогнала Црна Гора со 55 милиони долари.

- 20 милиони од тоа беше техничка и хуманитарна поддршка, а 35 милиони платен биланс, изјави на 9 декември 1999 година Џејмс Добинс, специјален советник на претседателот и на државната секретарка Медлин Олбрајт, задолжен за Косово и примена на Дејтонскиот договор.

Добинс тогаш изјавил дека САД ги поддржуваат политичките и економските реформи што се спроведуваат во Црна Гора и дека земјата би можела да послужи како пример за останатите делови на тогашна Југославија.
Тогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт имала состанок со црногорскиот претседател во крајот на 1999 година во Берлин на маргините на состанокот на шефови на дипломатии на осум најразвиени држави во светот и тие двајца во следните години разговарале и во Рим што се гледа од достапните податоци за состаноците на американскиот претседател и државниот секретар.

Наведено е дека пред почетокот на бомбардирањето на НАТО во 1999 година советникот на Клинтон за национална безбедност Семјуел Бергет подготвил документ за воените операции на Косово а во кои за Олбрајт бил наменет делот за Црна Гора. Во документите се нагласува и дека Белата куќа се трудела за прашањето за стабилноста на Црна Гора во 2000 година да разговара со тогашниот и сегашен руски претседател Владимир Путин.

- Многу држави од Г-8 особено наши сојузници во НАТО и ние самите сме загрижени поради напорите на Милошевиќ да го дестабилизира регионот, не само Црна Гора туку и многу пошироко, затоа очекувам во текот на работната вечера и билатералките со претседателот Путин да се спомене прашање за стабилноста на Балканот и дека претседателот ќе нагласи важност дека се залагаме за зачувување на демократската Влада на Ѓукановиќ, рече тогашниот државен секретар Стајнберг.

Црна Гора била тема на повеќе телефонски разговори на Клинтон со британскиот премиер Тони Блер и германскиот канцерал Герхард Шредер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...