Србија се плаши дека Косово во Интерпол ќе бара апсење на нејзините воени злосторници

Причина за категоричното противење на Белград на приемот на Косово во светската полициска организација е стравот дека доколку Приштина успее во нејзината намера ќе уследат обвиненија против голем број српски полицајци и војници кои извршиле воени злосторства во Косово во 1998-99 година, пишува коха.нет.

Според овој косовски медиум, како што јавува дописникот на МИА од Приштина, властите во Белград во тој случај ќе бидат соочени со потерници, односно со барања од Интерпол за апсење на голем број нејзини граѓани, сторители на воени злосторства врз Албанците во војната во Косово.

Поради таа причина, меѓу другото, Србија покрена интензивна кампања против приемот на Косово во Интерпол, што може да се случи на годишното Генерално собрание на организацијата, во ноември годинава во Дубаи.

Белградските медиуми информираат дека во наредните денови Србија ќе испрати писмо до сите земји-членки на Интерпол, во кое ќе ги образложи причините зошто косовското барање треба да се отфрли. Исто така, за истата цел, претставници на српската Влада ќе остварат средби со нивните хомолози од влијателни земји членки на Интерпол.

Блокирањето на Косово во неговата намера беше тема и на средбата во понеделникот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на Интерпол, Кинезот Менг Хонгвеи, пишува коха.нет, дел од медиумската групацијата која ја сочинуваат уште весникот „Коха Диторе“ и телевизиите Коха и Арта.

Косовското МВР вчера соопшти дека ја добило поддршката за зачленување во Интерпол од Обединетите Арапски Емирати, кои се домаќини на годишното собрание што ќе се одржи од 18-21 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...