Бурата Ксенофон во пол замав во Грција, по неа доаѓа циклонот Зорбас

Грчкиот државен механизам е во состојба на готовност поради налетот на медитеранскиот циклон, соопшти генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Јанис Тафилис на прес-конференција, по состанокот со надлежните служби, претставници на грчката полиција, противпожарната служба, брзата помош, Министерството за одбрана, на општините, како и на грчката метеоролошка служба.



Бурата Ксенофон создаде проблеми во Грција, со силен ветер и врнежи од дожд, а кон земјата се приближува и циклонот Зорбас, поради кој училиштата и градинките во голем дел од земјата денеска се затворени.

Според податоците од метеоролошката служба на Националната опсерваторија во Атина, се очекува медитеранскиот циклон да го погоди јужниот дел на Јонското море, а потоа да се движи кон полуостровот Пелопонез и островот Крит, но и кон други делови на Грција.

Медитеранскиот циклон е редок феномен и се појавува еднаш до двапати годишно, а е проследен со силен ветер и силен дожд.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Генералниот секретаријат за цивилна заштита, апелираат до граѓаните да бидат внимателни, а преку видео објавено на социјалните мрежи ги советуваат како да се заштитат од невремето.

- Кога дува силен ветер, не поминувајте под големи дрва, под закачени табли и места од кои може да паднат предмети. Избегнувајте активности на море и плажа. Ако фати силна бура додека возите, застанете на безбедно место покрај патот, далеку од дрва и вклучи трепкачи. Не поминувајте низ поплавени места и речни корита за време на врнежите од дожд. Избегнувајте области каде што имало поплави, лизгање или одрон на земјиште. Пред да тргнете информирајте се за временската прогноза и одбери безбедна рута, ги советуваат граѓаните од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, преку кусото видео.

По дводневна забрана, денес бродовите од трите атински пристаништа нормално пловат, иако во многу делови од Егејското море и понатаму ветерот е силен со јачина од 9-10 бофори.

Грчката противпожарна служба во изминатите 24 часа добила 342 повици за помош поради невремето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што да правиш ако плавуша фрли осигурач накај тебе?
- Бегај подалеку, има граната во устата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на правата на човекот
1520.- Германскиот црковен реформатор Мартин...
1603.- Умре англискиот лекар и физичар Вилијам...
1810.- Францускиот цар Наполеон Први на Франција...