Харадинај: Војската на Косово е завршена работа, имаме поддршка од Вашингтон

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по враќањето од Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека ја добил поддршката на САД за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во Вооружени сили, односно војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

- Војската е завршена работа, изјави синоќа Харадинај во емисијата „Пресинг“ на телевизијата Т7, додавајќи дека, покрај високите претставници на Вашингтон, сенатори, конгресмени и други американски фактори, за процесот на трансформација на ФСК во војска ги информирал и сите други релевантни меѓународни фактори.

- Ниеден авторитет не е неинформиран. Знаеја дека го правиме ова и беа информирани на време, изјави Храдинај.
Намерата на косовските власти е да ја трансформираат ФСК во војска, без да го сменат Уставот, наспроти барањата на западните сојузници таа трансформација да се изврши со уставни измени. Со оглед дека за интервенција во Уставот се потребни и мнозинството гласови на пратениците од српската етничка заедница, а кои се категорично против формирање воени сили на Косово, Харадинај, со поддршка на другите политички субјекти на Албанците во земјата, реши трансформацијата да ја изврши со законски измени. За таа цел, пред пар недели, Владата му достави на Собранието предлог за измени на неколку закони, со кои се предвидува зголемување на надлежностите на ФСК и прераснување на Министерството за ФСК во министерство за одбрана.

На прашањето во интервјуто на Т7 дали одлуката за заобиколување на Уставот при формирањето војска на Косово може да предизвика излегување на Српската листа од Владата, Харадинај одговори дека партијата, која го претставува српското мнозинство во Косово и ја има целосната поддршка на официјален Белград, „нема причина за такво нешто“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...