Тачи: Границата со Србија мора да се смени, но ако има подобра идеја ќе се повлечам

Претседателот на Косово Хашим Тачи инсистира дека неговиот став во однос на корекцијата на границите со Србија, и покрај противниците на таа идеја, е „заснован на Уставот и законите и не може да се спори“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за телевизијата Т7, Тачи синоќа рече дека „можеби и би се повлекол од идејата за промена на границите во име на национален консензус“.

- Кога ќе слушнам други, подобри, идеи ќе размислам. За сега не сум чул подобри идеи за затворање на дијалогот со Србија, изјави косовскиот претседател, кој е главен преговарач во дјалогот со Србија, што се одвива во Брисел под покровителство на Европската унија.

Нагласувајќи дека решително се залага за корекција на границата со Србија, Тачи рече дека „би сакал дијалогот да се случи и Косово, ако е можно, да биде што по единствено“.

- Нема меѓусебно признавање (со Србија) без дефинирање на границите, изјави Тачи во емисијиата „ДПТ со Фидан“ на приштинската Т7.

Тачи последниве неколку месеци интензивно ја прокламира идејата дека Прешевкската Долина, регионот во јужна Србија нааселен со мнозинско албанско население, треба да се припои кон Косово, но не кажува што „за возврат“ би добила Србија. Српската страна, пак, се залага за „разграничување со Косово“, со јасни претензии за припојување кон својата држава на деловите од северно Косово населени со мнозиснко српско население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...