Вучиќ: Далеку сме од какво било компромисно решение за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не е на повидок решение за косовското прашање и дека е илузорно да се очекува на 11 ноември во Париз, на прославата на Денот на примирјето во Првата светска војна, да се донесе решение за овој спор.



– Ние сме многу, многу далеку од постигнување компромис. Дури и сите други да се тргнат, иако се знаат нивните интереси и агенди. Па тие нас џабе не не бомбардираа и ја прогласија независност на Косово во 2008 година, за ова да помине без нив. Предуслов за кое било решение е договор помеѓу Србите и Албанците, а такво нешто, повторувам, воопшто не постои, изјави Вучиќ по посетата на Клиничкиот центар во Белград.

Тој ги негираше наводите на медиумите дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, постигнале договор за прашањето за Косово, додавајќи дека добил порака од министерот за надворешни работи на Русија дека ова е неточно.

– Тие разговарале за Косово, но се што треба некој да договори, мора прво да се договори со Србија. А ние сме многу далеку од какво било компромисно решение. И затоа сум многу загрижен од заканата за формирање на Војската (на Косово), истакна Вучиќ.

Говорејќи за неговите предлози за решение на прашањето за Косово, Вучиќ рече дека изнесувал „разни идеи на безброј места” и зборувал за неопходни компромиси, односно дека на Србија и е потребно нешто да добие, а не се да загуби, додавајќи дека за деталите нема и не сака да зборува се, додека не добие конкретна понуда или идеја.

– Нема никогаш да донесеме ниту еден акт пред да го дадеме на проверка пред народот и Народното собрание. А дали ќе имаме нешто да провериме – се плашам дека не, истакна Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...