Косовска пратеничка го обвини Тачи за ликвидација на политички противници

Пратеничката на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Беса Гаџери денеска од собраниската говорница го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи дека „за да се спаси себеси, газел врз лешеви, ги убивал политичките противници и ги згазил вредностите на борбата за ослободување на Косово“.



Како јави дописникот на МИА од Приштина, на денешната собрансика седница, на која се расправа за барањето на ЛДК за спречување на Тачи да преговара со Србија за размена на територии, Гаџери му порача на косовскиот претседател дека „не е феудален владетел врз народот“ и дека Косово не е претседателска држава.

– Вие, Тачи, немате право да си играте со суверенитетот на Косово за да ја спасите сопствената кожа. Вие, Тачи, имате сомнителен подем, со газење врз лешеви, со убивање на вашите политички противници, со држење во заложништво на овој сиромав народ, изјави Гаџери.

Освен тоа, таа го нарече Тачи „ментално болен“ и оцени дека „како таков не може да ја врши функцијата претседател на Косово“ и треба да биде разреши.

По низата дискусии, меѓу кои и неколку жестоки кавги меѓу пратениците, во кои беа изречени и лични навреди – на пример опозицискиот пратеник Глаук Коњуфца го нарече пратеникот од владејачката коалиција Миљазим Красниќи „крадец“, на што овој му одговори со зборовите „психопат, ненормален и стока“ – претседавачот со седницата на која се расправа за дијалогот со Србија и намерата на Тачи за „корекција на границата“, даде пауза и се очекува таа да продолжи подоцна попладнево со гласање на резолуцијата поднесена од ЛДК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...