Тачи: Попрво би седнал да разговарам со еден ѓавол одошто со Вучиќ

Претседателот на Косово Хашим Тачи потврди дека утре во Брисел ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Косово и Србија и рече дека очекува тешка средба со неговиот српски колега Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.



Тачи во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес рече дека повеќе би сакал да седне на преговарачка маса „со некој ѓавол, одошто со Вучиќ“.

– Очекувам дека ќе биде напорна, тешка средба, затоа што мојот хомолог од Србија е напорен соговорник, комплициран, а во исто време и оптоварен. Можам да речам дека повеќе би сакал да седнам со некој ѓавол на преговарачка маса одошто со Александар Вучиќ, затоа што тој со сиот свој потенцијал, со сиот државен арсенал на Србија, работи на растурањето на Косово како држава, но и наштетувањето на косовските институции, изјави Тачи.

Тој е убеден оти секако ќе излезе на крај со таа ситуација но тоа, вели, не е доволно за соочувањето со Србија.

– Значајно е целиот политички спектар да се вклучи во овој процес, да се донесе што поскоро таа платформа на косовското Собрание, да се формира заедничка екипа на Косово, да бидеме сите заедно и да победиме во овој процес, изјави Тачи.

Косовскиот претседател рече дека се залага за целосен договор, кој подразбира меѓусебно признавање и кој е законски обврзувачки на меѓународно ниво.

– Се надевам дека овој процес ќе се затвори со договор кој дефинитивно подразбира меѓусебно признавање и можност за зачленување на Косово во Обединетите нации, со што ќе се отвори можноста за признавање на Косово од петте држави на Европската унија (кои се уште го немаат признаено) и ќе се отворат европските перспективи и за Косово и за Србија, изјави Тачи за КосоваПрес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...