Харадинај со амбасадорите на „петорката“: Таксата нема да се укине, продуктите се загарантирани за сите

Приштина, 23 ноември 2018 (МИА) – Косовскиот премиер Рамуш Харадина, по денешната средба со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, изјави дека таксата што неговата Влада ја воведе за производите од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине и нагласи дека прехранбените продукти се загарантирани за сите во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај ги информирал амбасадорите од „петорката“, односно од најмоќните држави акредитирани во земјата, за последните политички збиднувања, нагласувајќи дека неговата влада „била принидена да ја преземе мерката за 100 отсто зголемување на таксите поради постојаните пречки кои ги создава Србија кон Косово“.

Според косовскиот премиер, политичката и безбедносната ситуација во земјата е стабилна и „Владата на Косово е посветена на зачувувањето на редот и мирот за сите граѓани на Република Косово“.

Тој ги отфрли како невистинити информациите за наводна хуманитарна криза во северниот дел на Косово.

– На граѓаните на Косово, без оглед на местото на живеење и етничката припадност, нема да им недостасува ниеден од основните прехранбени продукти и никаква медицинска услуга. Изјавите на срските политичари се уште само едно пропагандно дејствие, кое е невистинито и неприфатливо за реалноста во земјата, изјави Харадинај, нагласувајќи дека мерката за таксите на српските производи ќе останат во сила „до исполнувањето на објективите на Владата на Република Косово“. иа/ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...