Хан со понуда за решавање на трговскиот спор меѓу Белград и Приштина

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, им понудил на Белград и на Приштина да го посредува трговскиот спор помеѓу овие две држави со цел одблокирање на Дијалогот за нормализација на односите, јавува дописничката на МИА од Брисел.



Во интервјуто за МИА, Хан вели дека „за жал“ дијалогот меѓу Белград и Приштина „е сопрен поради прашањето со царините“.

Приштина пред неколку месеци реши да ги зголеми увозните такси врз производите од Србија и Босна и Херцеговина за сто отсто, со што де факто се стопираше дијалогот кој треба да доведе до нормализација на односите и кој го посредува високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

-Ги понудив моите услуги за посредување на спогодба поврзана за трговските прашања, помеѓу двете земји, но не сум добил позитивен одговор, посебно од Приштина, за овој предлог, рече Хан во интервју за МИА.

Неговиот предлог, како што вели, нема за цел да се додаде на постоечкиот дијалог туку да се справува со трговските прашања посебно во специјален формат „под лидерство на двајцата премиери и со кој ние ќе посредувавме за да најдеме решение за трговските прашања само, ова би требало да го отвори патот кон враќање на преговарачка маса“, изјави Хан.

И покрај забавениот дијалог, комесарот е оптимист дека е можно одблокирање доколку се има политичка волја.

-Дефинитивно имаме забавување но доколку сите страни се посветени и подготвени сѐ уште е можно дијалогот да биде комплетиран за време на нашиот мандат, изјави тој.

Мандатот на оваа Европската Комисија завршува кон крајот на годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...