Прва затворска казна за малтретирање и убиство на животно во Македонија

Основниот кривичен суд во Скопје донесе пресуда со која ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за сурово малтретирање и убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Судот изрече казна затвор од три месеци за Крстевски, додека Билбиловски доби парична казна во износ од 1.000 евра. Ова е прва пресуда во државава со затворска казна за мачење животни.



Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски со тврд предмет налик на стап го нападнал кучето Феликс, нанесувајќи му удари во пределот на главата. Повредите резултирале со потрес на мозокот и хематоми. Потоа, заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.

Во образложението на пресудата, судијката Лидија Петровска ја отфрли одбраната на Крстевски дека кучето било опасно и дека реагирал во афект поради неговото присуство во дворот на фирмата и истакна дека од изведените докази – видео записи и ветеринарски извештај, се утврдило дека кучето не претставувало реална закана, напротив, било со тежина од околу 15 килограми и не покажувало агресивност.

-Нема никакво оправдување за нанесување на толку удари на куче поради инстинктивно и биолошки неопходно однесување. Човекот постапува разумно, животното – инстинктивно, се наведува во пресудата.

Судот, исто така, ја оцени како неприфатлива и одбраната на Билбиловски, кој тврдел дека само му помогнал на Крстевски да го отстрани телото на кучето, мислејќи дека е мртво. Судот утврди дека кучето било сè уште живо во моментот кога било влечено со жица, што, според судот, претставува дополнително страдање.

За Крстевски, судот ги зема предвид неговата зрелост, семејна состојба и фактот дека и самиот чува куче – што, наместо олеснителна, беше оценето како отежнителна околност. Судот смета дека токму поради овие карактеристики, од него се очекувало повисоко ниво на самоконтрола и емпатија.

-Начинот на извршување на делото – повеќе удари со стап врз животно кое лежи, претставува изразено отежнувачка околност, се вели во пресудата.

Како олеснителна околност беше земено неговото коректно однесување за време на судската постапка.

Во однос на Билбиловски, судот утврди дека неговата улога била помала, но сепак свесно прифатил да учествува во дејствијата кои довеле до страдање на животното. Иако и тој е сопственик на домашно милениче, не покажал емпатија во моментот на настанот.

Судот нагласи дека дури и кратка казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и превенција на слични постапки. Судијката потенцираше дека пресудата има за цел да испрати јасна порака дека суровоста кон животни нема да се толерира и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните.

- Станува збор за дело што предизвикува висока јавна чувствителност и морална загриженост, особено во контекст на зголемен број случаи на суровост врз животни. Со изрекувањето на ефективна казна затвор, се испраќа порака дека вакви постапки нема да се толерираат, и дека секој граѓанин има обврска за хуман однос кон животните. Казната не само што ја санкционира индивидуалната вина, туку служи како одвраќање за други потенцијални сторители. Судот верува дека само преку доследна и строга реакција на вакви случаи може да се заштити јавниот интерес и да се придонесе за општество кое ги почитува етичките вредности и животот во сите негови форми. Во таа смисла судот смета дека дури и кратка казна затвор има значење за заштита на јавниот интерес и превенција на слични постапки. Со оваа казна се испраќа јасна порака дека суровоста кон животни не е прифатлива во едно хумано општество, бидејќи заштитата на животните е одраз на зрелоста на едно општество, образложи судијката Петровска.

Денешната пресуда е прва со изречена затворска казна за мачење животни.

По смртта на Феликс, се одржаа повеќе протести на кои граѓани, активисти и љубители на животни се собираа заеднички да побараат правда за убиеното куче и да испратат порака дека насилството врз животните мора да престане, а сторителите да бидат соодветно казнети. Присутните тогаш побараа максимална затворска казна за Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски. Воедно, организаторите потсетија дека во македонскиот Кривичен законик веќе речиси 20 години постои член за кривично дело убиство и мачење животни, но досега не е изречена ниту една затворска казна.

Судењето го водеше судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Зоран Здравев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е сер Џошуа Рејнолдс, англиски...
1872.- Роден е Раул Амундсен, норвешки поларен...
1885.- Воспоставена е британска колонијална...
1940.- Адолф Хитлер ја издаде директивата...