Грчките медиуми за потпишаниот Протокол за НАТО

„Потпишан протоколот за пристап на ПЈРМ во НАТО“, „Земјите членки на атлантската алијанса го потпишаа протоколот за пристап на ПЈРМ“, „Скопје во НАТО: Во Брисел потпишан протоколот за пристапување“, „Членките на НАТО го потпишаа протоколот за пристап на Северна Македонија во Алијансата“, „Северна Македонија: НАТО го потпиша протоколот за нејзин пристап“, „Историски момент за ПЈРМ: Потпишан протоколот за членство на Скопје во НАТО“, се дел од насловите во грчките медиуми за потпишаниот протокол во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.



Поголемиот дел од медиумите во Грција, технички, без анализи и коментари го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција.

АНА-МПА, во посебен текст под наслов „Столтенберг: Импресиониран сум од храброста и посветеноста на Ципрас и Заев“, ги пренесува изјавите на генералниот секретар на НАТО и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

-Како „историски ден“ го карактеризираше денешното потпишување на протоколот за прием на ПЈРМ во НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг за време на прес-конференцијата заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во седиштето на НАТО во Брисел, пишува АНА-МПА на почетокот на текстот.

Веста за потпишаниот протокол беше дел и од пладневните изданија на вестите на грчките телевизии.

Дел од медиумите во Грција, во нивните текстови веќе го користат името Северна Македонија, други привремената референца ПЈРМ.

Дописничката од Брисел на грчката телевизијата Скај, за време на целиот нејзин извештај го користеше името Северна Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...