Словенечки пратеник поднесе оставка поради „кражба“ на сендвич

Словенечкиот пратеник Дариј Крајчич поднесе оставка, откако беше објавено дека украл сендвич од супермаркет во Љубљана.

Крајчич објасни дека тоа го сторил оти бил изнервиран, бидејќи вработените во продавницата се однесувале игнорантски, па решил да го испита и обезбедувањето.

Тој излегол од супермаркетот со сендвичот, што не било забележано од обезбедувањето, по што сепак, се вратил за да плати. Притоа, тој се извинил за „социјалниот експеримент“.

– Стоев околу три минути на штандот. Тројца вработени ме видоа и не ми обрнаа внимание оти разговараа меѓу себе. Така решив да го тестирам нивното внимание, изјави 54-годишниот пратеник од владејачката партија Листа на Маријан Шарец (ЛМШ).

Првично, колегите се забавувале со приказната, но потоа, лидерот на парламентарната група на ЛМШ ја оцени постапката на Крајчич како неприфатлива.

– Тоа доведе до оставката на словенечкиот пратеник, поднесена по негова сопствена волја, се наведува во официјално партиско соопштение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...