Харадинај: Со изгласувањето на Платформата кажавме дека границите на Косово се неменливи

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај оцени дека вчерашното изгласување во Собранието на Платформата на државниот тим за преговори со Србија значи гласање за зачувување на Косово во границите во кои беше прогласена независноста на државата на 17 февруари 2008 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај од својата страница на Фејсбук синоќа порача дека изгласувањето на Нацрт-законот за одговорностите на косовската делегација во преговорите со Србија и на Платформата за конечниот, сеопфатен и законски обврзувачки договор за нормализација на односите меѓу Приштина и Белград, претставува потврда на посветеноста на Косово за мир и стабилност во регионот.

– Со гласовите на мнозинството присутни во Собранието, ние му го отворивме патот на сеопфатниот тим, во кој членуваат претставници на власта, опозицијата и граѓанското општество, како тим кој ги претставува уставните и стратешки интереси на Косово и уште еднаш ја потврдивме нашата посветеност за мир и стабилност во целиот регион и за добрососедски односи, напиша Харадинај.

Официјален Белград го протолкува изгласувањето на платформата на Приштина како тешка провокација и доказ дека косовската страна не сака дијалог, со оглед дека во таа платформа е зацртано дека конечна цел на преговорите е меѓусебно признавање на двете држави, односно признавање на косовската независност од страна на Србија. Поради таквиот развој на настаните во односите меѓу двете земји, српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска претпладне свика седница на Советот за национална безбедност.

„За“ Платформата, во 120-члениот Парламент на Косово, гласаа 61 пратеник, еден беше воздржан, додека седницата на самиот почеток ја напуштија пратениците на двете најголеми опозициски партии на Албанците, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ). Десетмината пратеници на Српската листа (СЛ) го бојкотираат Собранието уште од минатиот ноември, кога Владата на Харадинај ја воведе таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и од Босна и Херцеговина.

Премиерот Харадинај во своето обраќање на почетокот на вчерашната седница ја отфрли можноста изгласувањето на платформата да резултира со повлекување на одлуката за санкции кон српскиот увоз, останувајќи на ставот дека таксата ќе се укине тогаш кога Белград ќе ја признае независноста на Република Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...