Селими: Нема да ја уриваме Владата на Харадинај преку Белград

Албанските опозициски партии во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), на ја прифаќаат понудата на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), заедно да обезбедат 61 глас за да ја урнат Владата на Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пратеникот на ВВ, Реџеп Селими за весникот „Зери“ изјави дека неговата партија не прифаќа во ниту една форма да ја урива Владата преку Белград.

– Без оглед на тоа што Владата беше формирана со помош на Српската листа, односно со благослов од Белград, ние нема да ја уриваме оваа Влада преку таа партија, туку преку косовската опозиција. Ниту сметаме на гласовите на СЛ, ниту истите им ги бараме за уривање на Владата. Владата треба да падне, избори треба да има што поскоро, но не затоа што тоа го сака Србија, туку затоа што сакаат граѓаните на Косово, изјави Селими.

Во врска со повикот на СЛ заедно да ја сменат Владата на Харадинај, шефот на пратеничката група на ЛДК, Авдулах Хоти за приштинскиот весник изјави дека неговата партија нема да прифати никакви условувања.

– ЛДК ќе процесира барање за гласање за доверба на Владата во моментот кога ќе обезбеди 61 глас во Собранието на Косово. Меѓутоа, не прифаќаме никаков вид условување од никого, изјави Хоти.

Потпретседателот и пратеник на СЛ, Игор Симиќ вчера за белградските медиуми изјави дека неговата партија ги става на располагање на косовската опозиција гласовите на своите десет пратеници за смена на актуелната Влада.

Српската листа е дел од Владата на Рамуш Харадинај, меѓутоа од воведувањето на таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, минатиот ноември, во косовското Собрание делува како опозиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...