Рама: „Шенгенскиот модел“ и со Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама се заложи „Шенгенскиот модел“ да се применува со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, а не само со Косово.

На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во Тирана тој рече дека порано или подоцна „граѓаните ќе влегуваат и излегуваат од границите на Македонија и Албанија без никакви пречки“.



-Шенгенскиот модел треба да се прошири низ регионот, Косово, Македонија и Црна Гора, со уверување дека сите земји од Западен Балкан треба да влезат во овој процес. Нашите граници мора да бидат проодни како границите на Европската унија. Ако треба да го сториме тоа со членките на ЕУ, никој не не спречува да го правиме тоа меѓу нас, денес, а не утре. Порано или подоцна ние ќе им дадеме на граѓаните можност да влегуваат и да излегуваат во двете земји без какви било пречки, контроли, без ниту еден проблем, онака како што влегуваат и излегуваат во нивните земји граѓаните на ЕУ, посочи Рама.

Тој додаде дека Албанија почнала процес со Косово, кој за жал, погрешно бил разбран.

-Кога зборувавме за „Шенгенски“ проект со Косово, бевме погрешно разбрани, но велам дека тоа е само почеток за да продолжиме со други земји во регионот. Сите земји од Западен Балкан треба да бидат вклучени во овој процес. Границите ќе бидат попроодни со сите земји од Западен Балкан, како што е Европската унија за да граѓаните може да влегуваат и да излегуваат без никаква контрола од двете страни на границата, појаснува Рама.

Според Рама, на средбата со премиерот Заев постигнале договор за создавање заедничка економска зона меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...