Караџиќ: Српскиот народ и јас, заедно веќе победивме

Радован Караџиќ, по пресудата со која вчера беше осуден на доживотен затвор, испрати порака од Хаг, која ја пренесе неговиот адвокат Марко Сладојевиќ.



-Српскиот народ и јас заедно веќе победивме. Република Српска е создадена, а српскиот народ е слободен во својата земја. Жртвата, која јас ја поднесувам е помала од другите. Илјадници и илјадници млади луѓе со своите животи ја градеа Република Српска. Многу станаа воени инвалиди. Најголемите жртви ги дадоа мајките, чии синови, најчесто синови единци, го дадоа животот за слободата на српскиот народ. Тоа се вистинските жртви, ги пренесе Сладојевиќ зборовите на Караџиќ, со кого, по пресудата разговарал околу половина час.

Според адвокатот, Караџиќ порачал дека е јалова одмаздата на Хашкиот трибунал и дека, како на старец, не му можат ништо.

-Не се предадовме ниту кога ни беше многу потешко, па и вака затворен никогаш нема да престанам да се борам за вистината за нашата праведна борба во војна, која ни беше наметната и во која страдаа сите три народи. Секоја војна, особено граѓанска, раѓа извршени злосторства, кои нашата земја, ако знаеше, ги осудуваше и процесуираше. Ние се боревме чесно за слобода и еднаквост на српскиот народ во Босна и Херцеговина. Затоа, секогаш и секаде да бидеме достоинствени, да не ги мразиме другите и гордо да го чуваме она што е над нас, а тоа е Република Српска, гласи пораката на Караџиќ, кому вчера му беше сменета претходната пресуда од 40 години и изречена казна доживотен затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...