Лидерите на Самоопределување ги тужат Тачи и Весели за клевета

Приштина, 25 април 2019 (МИА) – Лидерот на косовското Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти и шефот на пратеничката група на оваа опозициска партија, Глаук Коњуфца денеска во приштинското јавно обвинителство поднесоа кривична пријава за клевета против претседателот на Косово, Хашим Тачи и првиот човек на косовското Собрание Кадри Весели, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Курти, на судското рочиште на 28 декември минатата година за случајот „Окото на народот“, Тачи и Весели под заклетва изнеле клевети за него, Коњуфца и пратеникот на ВВ, Садри Рамабаја.

– Поднесовме кривична пријава против Тачи и Весели во врска со нивните лажни изјави за таканаречената „Окото на народот“. Тие изнесоа лажни обвиненија, клевети, кои имаат јасна цел – борба против Самоопределување и политичко елиминирање на партијата, изјави Курти.

Во случајот „Окото на народот“ неколку членови на истоимената организација се товарат за атентатот и ранувањето на поранешниот комунистички косовски функционер, а сега адвокат, Азем Власи во март 2017 година.

Подоцна беше откриен и список со актуелни политички и јавни личности, кои организацијата ги смета за предавници и кои „треба да се ликвидираат“. Имињата на косовскиот претседател и на парламентарниот спикер се наоѓаа на тој список.

Тачи и Весели на сведочењето на 28 декември рекоа дека имаат информации дека „зад организацијата стојат Рамабаја, Курти и Коњуфца“. иа/сп/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...