Пацоли: Србија е комбинација на криминални и тоталитарни режими

Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли по вчерашниот напад во Белград врз фурна сопственост на Албанец, ја нарече Србија „комбинација на криминални режими, пропаднати држави и тоталитарни режими“, јави дописникот на МИА од Приштина.



Шефот на косовската дипломатија синоќа преку својот Фејсбук порача дека „демократијата не вреди за тие кои не се Срби во таа држава“.

– Во однос на остварувањето на правата на Албанците кои живеат во таа држава, Србија е комбинација на криминални режими, пропаднати држави и тоталитарни режими. Таквиот менталитет претставува сплотеност на фашизмот под одората на парамилитарците и криминалните банди заедно. Демократијата не вреди за тие кои не се Срби во таа држава и не разбирам како тоа тежнеат да се приклучат кон Европска Унија, напиша Пацоли.

Медиумите јавија дека вчера во Белград група демонстранти блокирале фурна во сопственост на етнички Албанец, при што внатре фрлиле свинска глава, а излогот ѝ го излепиле со постери со картата на Косово покриена со српско знаме.

Протестот на неколку десетици граѓани во населбата Борча, каде што се наоѓа фурната „Рома“, е одржан откако еден од вработените во фурната на својот Фејсбук објавил слика на која го покажува симболот на двоглавиот орел од албанското знаме.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Од сите спортови најмногу ги сакам хокејот и боксот.
- Зошто?
- Оти сум забар!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1583.- Роден е холандскиот правник, писател и...
1585.- Умре папата со италијанско потекло Гргур...
1778.- Роден е англискиот писател Вилијам...
1813.- Умре францускиот математичар, механичар и...