Баша: Албанија, а ни Европа не познаваат ваков отпор и одлучност

Со обраќањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, пред седиштето на партијата и пеење на националната химна, заврши петтиот голем протест на обединетата албанска опозиција против актуелната влада.



– Албанија, а ни Европа не познаваат ваков отпор и одлучност. Повеќе од три часа на дожд, одлучни во нашата цел дека не постои сила на земјата да не спречи во нашата цел за слободни и фер избори. Нема сила која ќе не натера да преговараме со злото. Злото ќе си оди за да ја отвори Албанија, како цела Европа. Со огромна одлучност ја продолжуваме оваа наша битка за Албанија како цела Европа, порача меѓу другото Баша.

И покрај поројниот дожд илјадници приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани останаа три часа извикувајќи „Рама оди си“.

Протестот почна од пред Влада, каде се обрати Баша, а потоа насобраната толпа продолжи со марширање кон Парламентот, Министерството за внатрешни работи, каде беа фрлани пиротехнички средства и димни бомби.

Потензично беше пред Дирекцијата на Полицискиот комесаријат во Тирана каде се бараше ослободување на 50-те притворени во саботниот, преполн со насилства, протест, кои утре треба да излезат пред судија.

Демонстрантите фрлија еден молотов коктел, камења и димни бомби, но по барањето на полицијата преку мегафон да се воздржат од насилни акти, за да не мора полицијата да интервенира, состојбата се смири.

Еден полициски службеник е повреден и беа искршени неколку стакла од прозорците на објектот.

Иако во помал број од почетокот на протестот, учесниците продолжија до седиштето на Демократската партија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...