Блиц: Ѓилас бара од СзС одлука за бојкот на изборите

Лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас на состанок побара од сите членки на Сојузот за Србија (СзС) што побрзо да донесат одлука за бојкот на претстојните парламентарни избори, пишува Блиц.



Весникот потсетува дека првиот состанок на оваа тема се одржа пред десет дена и дека Ѓилас и тогаш го спомна истото, но дека не наиде на поддршка.

– Ѓилас рече дека е јасно дека Александар Вучиќ нема ништо да смени, дека нема намера да исполни ниту еден од условите на опозицијата и дека затоа треба да се излезе во јавност со одлука за бојкот на изборите, пишува Блиц, повикувајќи се на извор кој присуствувал на состанокот.

Како што се наведува, не биле сите согласни за тоа.

– Претставниците на Демократската партија и Двери, Зоран Лутовац и Бошко Обрадовиќ сметаат дека треба да се почека неколку месеци или барем септември, да поминат годишните одмори за да се донесе таква голема и важна одлука, додава соговорникот.

Според него, постои можност Ѓилас, со инсистирање за бојкот на редовните избори, кои се за девет месеци, да се обиде да изврши притисок на власта за да попушти и да ги исполни барањата на опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...