Апел на Мета: Сега е време, по 19 октомври ќе биде предоцна

Албанскиот претседател Илир Мета повторно упати апел до политичките партии за надминување на длабоката политичка криза во која земјата се наоѓа повеќе месеци.

При тоа додава дека сите треба да сфатат оти не се чекори по две спротивни патеки кои никогаш не се среќаваат една со друга бидејќи постои опасност и „на есен да заостане земјата во интегративниот процес“.

-Пред нас претстои важен датум за иднината на земјата, 17-18 октомври, кога Советот на Европската унија ќе донесе одлука за преговорите, затоа двете главни политички партии треба да им овозможат на албанските граѓани да излезат на тројните избори, локалната власт, централната власт и изборот на претседател на државата на 13-ти октомври и правото на глас да го остварат на мирен, цивилизиран и демократски начин, напиша Мета на Фејсбук.

Претседателот Мета го затвора својот пост со силен повик да се одважат сега, зашто по 19 октомври, ќе биде предоцна.

-Сега е време, на 19 октомври ќе биде многу доцна!-напиша Мета.

Повикот на Мета следува откако не ги потпиша и му врати три закони на премиерот Еди Рама, а вчера го обвини дека две години го попречува функционирањето на новите правосудни институции и Уставниот суд. Тој уште предупреди дека ќе има и други причини поради кои „правосудните реформи станале Рамаформи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...