Светска недела на доење: Доењето најздрава исхрана за новороденчето

Доењето е најдобар начин да се обезбедат хранливи материи кои му се потребни на детето кога ќе се роди. Мајчиното млеко е неопходно за правилен раст, развој и здравје на бебето, а воедно е добро и за физичкото и психичкото здравје на мајката. Докторите порачуваат дека доењето е најздравата и единствена исхрана која треба да ја прима новороденчето до едногодишна возраст покрај додатоците, што понатаму доведува и до здрава возрасна популација.



Под мотото „Да се поддржат родитeлите за да се овозможи доењето“ од денеска до 7 август се одбележува Светската недела на доење.

– Педесет до шеесет проценти од мајките дојат во првите шест месеци. Сакаат да дојат 85 до 90 проценти од мајките, но имаат некакви компликации. Токму затоа во примарната здравствена заштита со мајките треба да ги надминуваме тешкотиите со кои тие се соочуваат за време на доењето, вели претседателот на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова.

Од општествена важност, посочи таа, е да се поддржи иницијативата на родителите за доењето и таа да се одржи понатаму, бидејќи

– Ќе се залагаме доењето да биде ексклузивно, како што е предвидено и од СЗО, по препорака на УНИЦЕФ, ОН и сите релевантни институции. Тоа значи до шестмесечна возраст доенчињата да примаат само мајчино млеко, а понатаму да се продолжи до двегодишна возраст, а ако треба и подолго. Во рамки на тоа може да се почне со додавање храна, но не и замена на мајчино млеко, на храна после шестиот месец, истакна д-р Кимовска Христова.

Светската недела на доењето секоја година се одбележува во 170 земји од светот со цел унапредување на здравјето на бебето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...