Пожарот на Евија во Грција е вон контрола

Неколку илјади пожарникари се борат со шумски пожари во Грција, а најголемиот е на островот Евија, северно од Атина, што се уште е вон контрола.



Според денешните информации од грчките медиуми, ситуацијата е малку подобра.

-Се чини дека ситуацијата е подобра, пожарникарите направија големи, натчовечки напори, изјави регионалниот гувернер за централна Грција, Костас Бакојанис за телевизијата Скај.

Бакојани изјави дека пожарите биле исклучително тешки за гаснење, но истакна дека човечки животи не се загрозени.

Во Грција избувнаа 56 пожари во рок од 24 часа помеѓу понеделникот и вторникот.

„Катимерини“ го нарече пожарот во централна Евија како голема катастрофа за животната средина. Пожарот зафатил фронт од 12 километри и прогласена е вонредна состојба.

Пожарот во Евија синоќа беше надвор од контрола во близина на селата Макримали, Контодеспони, Платани и Ставрос, кои заедно со еден манастир беа евакуирани.

Околу 500 жители на областа беа евакуирани до пладне во вторникот. Некои беа евакуирани со полициски автобуси, додека други користеа свои возила.

Пожарот го гаснат 280 пожарникари, доброволци, војници, шест канадери и шест хеликоптери. Шумски пожари се надвор од контрола во најмалку четири други грчки региони. Во изминатите три дена пожарникарите интервенирале 182 пати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...