Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори

Косовските пратеници на денешната седница на Собранието го изгласаа распуштањето на законодавниот дом, по што се очекува претседателот на државата Хашим Тачи да го одреди датумот за одржување на предвремените, седми по ред, парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница, на која претходно беше изгласан финансискиот договор со Европската унија, со кој Косово треба да добие 90,5 милиони евра од ИПА фондовите, присуствуваа 106, од вкупно 120 пратеници колку што брои косовскиот Парламент.

За распуштање гласаа 89 пратеници, еден беше воздржан, а двајца против.

Претседателот Тачи, според извори од неговиот кабинет, планира да ги закаже изборите за на 6 октомври, а одлуката ќе ја објави утре, или најдоцна в понеделник, на 26 август.

По оставката, пред нешто повеќе од месец дена, на премиерот Рамуш Харадинај, косовските парламентарни партии, и од власта и од опозицијата, се договорија Собранието да се самораспушти на 22 август, по што претседателот Тачи треба да ги прогласи предвремените парламентарни избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...