Албанскиот брод „Орику“ спаси 140 илегални мигранти во Егејско Море

Тирана, 4 септември 2019 (МИА) – Бродот „Орику“ на албанската воена морнарица, кој е дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, им помогна на 140 мигранти од Авганистан и Сирија, од кои 30 деца, безбедно да стигнат на копно.

Веста на својот профил на Фејсбук ја објави министерката за одбарана Олта Џачка.

-Во соработка со турските и грчките крајбрежни стражи, бродот „Орику“, дел од операцијата „Sea Guardian “ на НАТО, во изминатите три дена помогна во спасување на мигранти, возрасни и деца, во четири чамци во водите меѓу Турција и Грција а постоела опасност по нивните животи, наведува Џачка.

Бродот „Орику“, при патролирање во водите на Егејско Море, на 22 минатиот месец спаси 36 државјани на Авганистан, од нив 19 деца,8 жени и 9 мажи кои се наоѓале во моторен чамец.

Според Џачка, од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море прпадниците на албанската морнарица спасиле повеќе од 2.000 илегални имгранти, меѓу нив голем број жени и деца.

Во рамки на оваа хумана мисија, чија цел е спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води пловат и албанските бродови „Бутринти“ и „Лисус“. вт/ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...