Поради лажна вест што ја испаничи Албанија приведени двајца новинари

Тирана, 23 септември 2019 (МИА) – Поради лажна вест за наводен силен земјотрес приведени се двајца новинари.

Лажната вест со наслов „Излезете надвор од дома, се предвидува силен земјотрес. Еве во колку часот“, предизвикала синоќа невидена паника кај жителите на Тирана, Драч и Елбасан кои излегле од нивните домови.

Веста била објавена веднаш по силниот земјотрес кој ја погоди Албанија синоќа после 22 часот со јачина 4,5 степени според Рихтер, а со епицентар 7 километри северозападно од Валона и 20 километри од Тирана.

Веднаш по веста реагираше албанскиот премиер Еди Рама преку Фејсбук кој напиша дека станува збор за лажна вест и дека „секој идиот кој пишува за предвидувања на земјотреси треба да се игнорира“.

Реагираше и Министерството за внатрешни работи преку прес-конференција со цел да ги смири граѓаните кои испаничени до доцна вечерта чекаа низ улиците.

По објавувањето на веста и создадената паника, албанската полиција соопшти дека двајца новинари биле приведени. Според албанските медиуми станува збор за новинарот на порталот “SYRI.net”, Аурел Ракиплари и новинарката Даниела Грица од весникот „Шекули“.

Објавување на лажни вести е кривично дело и во Албанија се казнува со 5 години затвор. вт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...