Акција против трговија со луѓе во Бугарија и Франција

Хаг, 24 септември 2019 (МИА) – Властите на Бугарија и Франција со поддршка од Европол, спречија работа на организирана криминална група вмешана во трговија со луѓе со цел експлоатација на работна сила и перење пари, соопшти Европол.

Акцијата против криминалната група, која регрутирала работници во Бугарска за сезонска берба во Франција, била спроведена на 17 септември и во неа учествувале повеќе од 80 иследници од Бугарија и Франција.

Француските власти уапсиле четворица членови на групата, тројца од Бугарија и еден од Франција.

Европол информира дека со истрагата се идентификувани 167 потенцијални жртви кои работеле за четири различни компании за производство на вино во близина на францускиот град Лион.

Во соопштението се информира дека членовите на групата од Бугарија регрутирале луѓе во својата земја, додека еден член од Франција бил задолжен за логистика, вклучувајќи и организирање сместување за работниците. јт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...