Вучиќ: Убедлива победа на Српската листа, подготвени сме за дијалог со Албанците, па дури да е тоа и Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ, доцна синоќа на вонредно обраќање пред јавноста изјави дека Српска листа на денешните предвремени парламентарни избори во Косово, остварила најубедлива победа во својата историја, додавајќи дека „ова му е една од најомилените победи, затоа што е постигната во најтешки услови.“



Вучиќ рече дека оваа партија, која беше подржана од властите во Белград, освоила повеќе од 90 проценти од гласовите во сите општини со српско мнозинство во Косово.

Коментирајќи ги резултатите на албанските партии, Вучиќ рече дека моментно води Демократскиот сојуз на Косово, на Иса Мустафа, но дека по пребројувањето на гласовите од странство, очекува дека најмногу места во новиот парламент ќе добие Самоопределување на Албин Курти.

Тој изрази надеж оти до декември во Приштина ќе се формира влада која ќе ги укине таксите на увозот на стоки од Србија, со цел да се создадат услови за продолжување на дијалогот.

Вучиќ истакнаа дека за него е важно да може да разговара со легитимни претставници на Албанците.

– Ќе бидеме подготвени да разговараме со легитимните албански претставници, кој и да е тоа, не сме ние тие што ќе ги избереме, не го ослободив јас Албин Курти од затвор (во Србија) туку ДОС, не соработував јас со него, туку некои други, но наше е да разговараме со нив и тоа ќе бидат многу тешки разговори. Тука нема голема филозофија, не очекувајте дека ќе биде лесно за нас, но и за нив нема да биде лесно, но тоа е и смислата на преговорите – да разговараме и да се обидеме да најдеме компромисно решение, рече Вучиќ.

Во секој случај, истакна тој, денес имаме целосен легитимитет, а српскиот народ недвосмислено кажа кој ќе ги претставува неговите интереси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...