Со Северна Македонија да се согласиме за правилно толкување на Договорот од Преспа

Северна Македонија треба да ги почитува обврските и правилно да го толкува Договорот од Преспа, порачува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

– Во однос на Владата на Северна Македонија јасно е дека треба строго и точно да се придржуваат до обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа. Во ова е вклучено и точното толкување, бидејќи секој правен текст, па дури и најкомплетниот и нај деталниот правен текст има простор за толкување. Сакаме да се согласиме со Владата на Северна Македонија за правилно толкување на договорот. Да ги решиме проблемите со производите. Да ги заштитиме интересите на грчките бизниси на позитивен начин за целиот регион. Да се почитува се што е предвидено за прашањата на културното наследство на античка Грција, вели Дендиас.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција денеска е во Луксембург, каде што ќе учествува на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

Утре, шефот на грчката дипломатија заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција ќе учествуваат на Советот за општи работи на Унијата, а дискусијата ќе се фокусира на подготовката за претстојниот Совет на ЕУ на 17 и 18 октомври. Особен акцент за време на утрешниот состанок ќе биде ставен и на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...