Рама: Макрон мисли на „не“, но сонцето повторно ќе изгрее

Албанскиот премиер Еди Рама денеска преку видео порака на социјалните мрежи зборува за одлуката на земјите од Европската унија, да отворат или не преговори со Албанија.



Со долга брада, можеби сакајќи да го имитира првиот шеф на албанската влада Исмаил Ќемали, Рама вели дека Германија, која ги предводи земјите кои се за „да“, избрала поинаков пат од повеќето земји-членки. Тој предвидува „не“ од страна на францускиот претседател Макрон за Албанија.

– Германија постави некои услови што се разумни за нас, но неразумни да се приближи кон Франција и тие две или три земји се уште не зазеле конечна позиција. Претседателот на Франција излезе со став за длабока реформа на Унијата. Емануел Макрон не е подготвен да ги придвижи преговорите за Западен Балкан понатаму, без претходно да изврши притисок за реформите во Унијата. Овој пристап на Франција е концептуално некомпатибилен со консензуалниот пристап што води кон оние кои се за „да“, но тоа не е против Албанија и Северна Македонија или Западен Балкан во целина, вели Рама.

На крајот тој посочува дека за неколку дена ќе го чуеме завршетокот на ова тешко поглавје од напорите да станеме дел од ЕУ, но каков и да е исходот од состанокот на Советот на Европа „сонцето повторно ќе изгрее и денот ќе биде природно продолжение на овој историски напор за европската државност, кон Европа што ја сакаме за нашите деца, не за Берлин, не за Брисел, не за нас, туку за Албанија, Албанците и другите генерации“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...