Врз основа на сукцесија на СФРЈ Хрватска побарува од Србија 148 милиони долари

Во моментот на распаѓањето на СФРЈ девизните сметки во мешовитите банки на поранешната држава во странство изнесуваа 645,55 милиони американски долари, што според Договорот за сукцесија требаше да ги поделат државите наследнички на СФР Југосавија, но Србија има потрошено најголем дел од парите, така што Хрватска од неа побарува 148. 5 милиони долари, објави денеска загребачкиот весник „Вечерњи лист“.

Хрватска има докази дека заедничките пари во 1990-тите биле користени за плаќање на странски долгови на српските компании и дека оваа земја конкретно им наложила на банките да не ги користат за други републики.

Весникот наведува дека во моментот на распадот на поранешната држава, на девизната сметка во мешовити банки на СФРЈ имало 645,55 милиони американски долари.

Според весникот, во пресрет на разговорите за поделба, Србија ги известила другите наследници дека на сметката има 56 милиони, одбивајќи да објасни каде се парите.

Бидејќи парите, според Договорот за сукцесија требаше да ги поделат државите наследници, со тоа што на Хрватска да и припаднат 23 проценти, или 148,5 милиони американски долари, таа држава сега во процесот на сукцесија тие пари ги бара од Србија.

„Вечерњи лист“ наведува дека Хрватска, како домаќин на денешната средба на Постојаниот мешовит комитет, надлежен за контролирање на спроведување на сукцесијата, ќе ја постави како посебна точка темата за исчезнатите или незаконски потрошените средства.

Хрватска ќе инсистира на спроведување на Договорот за сукцесија, како и на изнаоѓање решение за компензација, доколку се покаже дека парите всушност се нелегално потрошени.

Весникот смета дека отежнувачка околност е што сите одлуки донесени од комитетот се носат едногласно.

Постојаниот мешовит комитет е основан врз основа на Договорот за прашања од сукцесија, потпишан во Виена на 29 јуни 2001 година, меѓу наследните држави на СФРЈ, а стапи во сила три години подоцна.

Последната средба се одржа пред четири години во Сараево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...