Хрватската полиција има подрум за мачење мигранти

Хрватските власти ги кршат човековите права на мигрантите и спроведуваат системско насилство над нив, се посочува во најновиот извештај на мрежата невладини здруженија Бордер вајленс мониторинг нетворк (БВМН), која се занимава со правата на бегалците и мигрантите.



Во извештајот за октомври 2019 година се посочува дека во тој месец е евидентиран „голем број исклучително брутално системско насилство и инциденти на полициско насилство“, јави хрватскиот портал „Индекс“.

БВМН тврди дека постои подрум на граничниот премин Бајаково, каде хрватската полиција ги претепува мигрантите.

„Во тој подрум, службеници од хрватската гранична полиција со раце и со палки тепале малолетници, од кои некои биле стари само 12 години. Едно сведочење ја опишува просторијата со големина од два на четири метри квадратни, а до неа се доаѓа по скали, кои водат под просториите на граничниот премин, се вели во извештајот.

За време на престојот во подрумот на Бајаково мигрантите немаат право на тоалет ниту пристап до вода или храна, а ускратено им е и правото на барање азил, се тврди во извештајот. Еден 16-годишен Авганистанец опиша дека во тој подрум бил држен повеќе од еден час, каде со тепале со боксови и пендраци. На еден малолетник, хрватската полиција користела електрошокер и го удирале од ѕидот на подрумот, тврди БВМН.

Во извештајот се истакнува и дека хрватската полиција сè повеќе користи слекување на мигрантите, како уште еден начин на злоставување. Со доаѓањето на зимата и студеното време, таквата тактика станува посебно опасна, бидејќи може да доведе до хипотермија, како и до повреди на рацете и нозете посебно кога полицијата ги принудува мигрантите босоноги да чекорат по студени реки – што е забележано како честа пракса. БВМН нагласува дека во хрватското законодавство постои можност полицијата да спроведе слекување на осомничениот, но само во случаи кога трага по скриено оружје.

Забележани се и два случаи во кои хрватски полицајци, откако на фатените мигранти им наредиле да се слечат голи, со пендраците им ги допирале гениталиите и на тој начин сексуално ги злоставувале и понижувале.

Во извештајот се наведуваат и докази за постоечката пракса за кршење на мобилните телефони на мигрантите, а хрватските закони директно се кршат и кога на мигрантите им се оневозможува правото да побараат азил.

БВМН потенцира дека и покрај насилното и назаконско однесување на полицијата, Хрватска добила „зелено светло“ за влез во Шенген-зоната. Во текот на октомври, хрватската полиција во илегално системско насилство протерала најмалку 464 а најмногу 607 мигранти, зависно од изворите. Повеќето од мигрантите се илегално протерани во БиХ, но и во Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се натпреварувале Русин, Американец и Македонец чив национален алкохолен пијалок е најсилен.
Пие Американецот 10 чаши виски, му поставуваат еден стол и го прашуваат колку стола...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Национален празник на Кенија
1642. - Холандскиот морепловец Абел Тасман го...
1821.- Во Руан е роден Гистав Флобер, француски...
1922. - Во Бенешов, кај Прага, е роден Франтишек...