Апатурај: Членството на Северна Македонија во НАТО не е доведено во прашање

Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата, вели заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај во интервју за Радио Слободна Европа.



– Единствена отежнувачка околност е застојот во Шпанија околу формирањето влада. Знаете дека имаа неколку избори и едноставно немаат механизми за формирање влада, по што би можеле да се преземат следните чекори, наведува Апатурај.

Тој потенцира дека НАТО ги почитува роковите, нагласувајќи дека очекува земјава да стане полноправна членка на Алијансата на „почетокот на пролетта“.

Апатурај наведува дека на Самитот на НАТО што ќе се одржи на почетокот на декември во Лондон, „на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија е на прагот и дека наскоро ќе и се придружи“ на Алијансата.

Заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО во интервјуто нагласува и дека Алијансата останува посветена на безбедноста на Западен Балкан.

– Таму имавме воени операции и се уште ги имаме. Имаме програма за реформи со секоја држава (од регионот) што не е членка. Имаме три канцеларии во регионот што ги поддржуваат реформите. Граѓаните на целиот регион можат да бидат целосно сигурни дека НАТО е посветен на Западниот Балкан и дека и ќе остане така, потенцира Апатурај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...