Брнабиќ: ТВ Н1 стана политичка партија, ја води најдобрата опозициска кампања

Најновиот спор меѓу приватниот операторот Јунајтед Медиа и државниот Телеком Србија и невозможноста на ширењето на мрежата на кабелскиот оператор СББ во чии рамки се емитуваат ТВ Н1, Нова С и други 17 канали, во Србија од комецилно прашање, прерасна во политичко прашање за гушење на медумските слободи.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од ТВ Н1, продуцентката и презентерка Милица Спасиќ денес обвини дека поради одлуката на државните оператори, од својата понуда да се исклучи ТВ Н1, речиси милион гледачи ќе останат без можноста за објективно информирање.

-Да се намали објективноста, да се заплашат новинарите и истражувачите и да се спречи јавноста да дознае непосакувани информации, токму тоа се случува околу ТВ Н1, изјави Спасиќ.

Поради спорот за „објективното информирање и можноста ТВ Н1 да биде достапна на сите, па и на оние кои ги контролира државата“ директорот на програмата на ТВ Н1, Југослав Чосиќ, на социјаланите мрежи ја покрена акцијата #DaSeVidiN1″ во која во изминатите денови со пораки на подршка се вклучија голем број граѓани, познати личности, новинарски асоцијации, здруженија и политички партии.

Полемиката прерасна во политичко прашање откако синоќа, на ТВ Пинк се вклучија српската премиерка Ана Брнабиќ и американскиот амбасадор во Србија Ентони Годфри.

Премиерката Брнабиќ оцени дека судирот на „Телеком Србија“ и „Јунајтед Медиа“ е исклучиво деловно прашање, додавајќи дека станува збор за „политичка кампања на Н1“, додека американскиот амбасадор смета дека во овој случај не се зема во предвид контекстот и подготовките за изборната кампања во Србија.

-Слушнавме оправдани критики на ЕУ, а и ние исто така укажавме на некои проблеми со медиумската слика, кажа Годфри и ја праша премиерката: „Зарем не би било подобро ако Н1 ја емитува својата програма на што поголем број гледачи? Признавам дека не го следам овој комерцијален спор, но ми се чини дека би било во интерес на Србија да има што е можно поголема публика за сите медиуми“.

Ана Брнабиќ кажа дека се согласува и затоа не е и јасно зошто Јунајтед Груп, не ја прифатила понудата на Телеком Србија да го продолжи договорот за уште два или три месеци, додека трајат разговорите, оценувајќи притоа дека Н1 „претставува сè како политичко прашање и политичка кампања“.

-Во овој момент, ако ме прашате, од сите политички партии кои се опозициски настроени и не се согласуваат со владеачката коалиција, пред изборите најдобрата кампања ја води Н1 телевизија. За мене, ТВ Н1 навистина во оваа кампања стана политичка партија, која има прилично добар агол од каде да ја пласира својата кампања, кажа Ана Брнабиќ.

Денес, на прашањето за исклучувањето на ТВ Н1 од понудата на државните опаратори, државниот секретар во Министерството за култура и инфомирање, задолжен за медиумите, Александар Гајовиќ, изјави дека за решавањето на овој проблем, „прво треба во Србија да се реши правниот статус на ТВ Н1.“

Н1 е првата регионална и локална 24-часовна платформа (ТВ, веб, мобилни) која емитува вести за над 20 милиони луѓе на Балканот. Со продукциските центри во Белград, Сараево и Загреб, Н1 е ексклузивен информативен партнер на американската CNN.

Во сопственост е на Адрија њуз, како дел од Јунајтед Медиа, која е членка на групацијата Јунајтед Груп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...