Рама: Ве молам како Христос и Мухамед не играјте си со оган

Албанскиот премиер Еди Рама продолжува да ги повикува граѓаните строго да ги почитуваат препораките кои се однесуваат на забраната за движење и да не ги кршат утврдените часови за тоа.



Во објавата на Фејсбук, Рама вели дека бројот на заразени лица ќе се зголеми.

-Денес бројот на позитивните се зголеми! Сепак во рамките на прогнозата, слава му на Бога и ќе продолжи да расте уште повеќе оваа недела! Но, голем предизвик е тоа да не биде од нашата глупост и да излезе од контрола,пишува Рама.

Додава дека доколку се почитуваат владините мерки оваа војна може да се добие со помалку загуби и рани.

-Ве молам, како Христос и Мухамед, не играјте со оган и немој да одите еден чекор подалеку од границите што се поставени за секого! Утре започнува нов ден со предизвик да не се прекршуваат распоредите за движење, не застанувајте со други, не создавајте групи по пазарите и вратите на трговските објекти, апелира Рама.

Упатува замолница децата и постарите лица да седат дома.

-Ве молам, ве молам, ве молам, не го земајте на душа вашето семејство и Албанија со идиотски броеви во кршење на правилата на војната! Ве молам, разберете колку е срамно и криминално да ни починат на стотици,не дај може и илјадници луѓе, поради едно мало малцинство затоа што не сака да ги почитува препораките и мерките а со тоа станува предавник, пишува Рама.

Наведува дека државата прави се за својот народ.

-Сите сме едно семејство и нема поголем срам во историјата да изгубиме една војна како оваа, затоа што не можеме да останеме дома,го завршува постот на Фејсбук,албанскиот премиер Еди Рама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...