Мицотакис: Кога ќе се пронајде вакцината треба да се прогласи за глобално јавно добро

Се приклучувам на повикот на другите лидери дека вакцината, кога и да се открие, би требало да биде прогласена за глобално јавно добро, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на учеството на донаторската конференција за борба со Ковид-19 во рамките на меѓународната иницијатива „Коронавирус глобален одговор“ (Coronavirus Global Response), и соопшти дека Грција, „за заедничките напори“, ќе донира три милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.



Мицотакис истакна дека вчерашниот ден беше важен за Грција поради започнувањето на постепеното укинување на рестриктивните мерки, но додаде дека сѐ додека не се пронајде вакцина, „нема да бидеме апсолутно безбедни“.

– Вакцината ќе треба да се произведува во доволни количини, во најкратко можно време. Би требало да биде достапна и со прифатлива цена за целата глобална популација, почнувајќи од најранливите и потребно е да се дистрибуира низ целиот свет на еднаква база. Ниту една земја или регион не треба да има монополистички пристап до вакцината кога станува збор за заразни болести и како што спомена Мелинда Гејтс, безбедноста на еден е безбедност за сите, рече Мицотакис.

Минатиот месец, преку колумна во германскиот весник „Франкфурт Алгемајне цајтунг“, грчкиот премиер го поддржа предлогот на европските влади за заедничко купување патенти за новите вакцини, како и за тестовите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...