Ако сѐ биде во ред на 1 јули ќе се отвори сезоната за странски туристи во Грција

На средината мај, грчката Влада ќе го соопшти планот за туристичката сезона, а ако сѐ биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели, ќе се отвори и туризмот за странци, согласно она што денеска го изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радо „Алфа 989“, јави дописничката на МИА од Атина.



– На 18 мај, ако сѐ биде во ред и ако имаме израмнување на кривата односно епидемиолошките податоци што ќе се оценат тогаш, на 1 јули ќе отвориме за туризмот од странство односно ќе се отворат сезонските хотели, рече државниот министер на Грција.

Герапетритис објасни дека периодот меѓу 15 и 20 мај ќе биде клучен, бидејќи тогаш очекуваат да го видат резултатот од постепеното олабавување на рестриктивните мерки и тогаш да биде донесена конечната одлука, но истакна дека независно од тоа дали ќе постои отежнување или олеснување на ситуацијата, потребно е владата да има подготвен план.

– На 15 мај ќе имаме целосен план за туризмот, што ги вклучува, прво, сите здравствени протоколи кон кои ќе треба да се придржуваат оние кои доаѓаат на туристички дестинации, второ, зајакнување на здравствените структури, онаму каде што е потребно и трето, протоколите што треба да постојат доколку се појави случај на Ковид-19, објасни Герапетритис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...