Песокот и морето не се опасни за заразување од Ковид-19, сметаат грчките експерти

Оваа година е толку безбедно да се легне на песок, колку што беше лани и пред тоа, но и пред десет години, вели професорката по морска микробиологија на Универзитет „Ејџиан“, Адамантиа Ефстратиу, додека пак професорката од Катедрата за океанографија и морска бионаука, од истиот Универзитет Рања Ѕораки, истакнува дека дури и на плажа потребно е да се држи неопходното растојание, јави дописничката на МИА од Атина.



Двете професорки за радиото на грчката новинска агенција „Практорио фм“, говорат за Ковид-19 и веројатноста некој да се зарази додека е на плажа или во море.

За пливањето во море, професорката Ефстатиу објаснува дека важи истото она што важи и за било кој друг простор, но додава дека треба да се разгледа случајот што доколку некој е заразен, кашла, а се наоѓа на растојание помало од 1,5 метар. Сепак истакнува дека од „морската вода нема да го закачиме коронавирусот за да се разболиме“

Во однос на плажите објаснува дека поради сонцето и високите температури вирусот, дури и да се наоѓа на песокот не може да преживее.

Професорката Ѕорѕаки потенцира дека е важно сите да се придржуваат кон правилото за држење растојание, па дури и на плажа, а додава дека на организираните плажи со лежалки, за секое лице потребно е да има најмалку пет, а најдобро осум метри квадратни, за да се избегне близок контакт.

Во однос на поставувањето плексиглас меѓу лежалките како можно решение за заштита на плажа, професорката Ѕораки вели дека „тоа е идеја што може дури да биде и опасна“, особено за малите деца кои додека си играат може да се удрат, додека пак професорката Ефстратиу објаснува дека „сите тие планови за чудни конструкции на песок се претерани и немаат никаква врска со јавното здравје“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...