Тачи: Единството на Албанците од Прешевската долина даде резултати

Претседателот на Косово Хашим Тачи го поздрави резултатот што на вчерашните парламентарни избори во Србија го постигнаа партиите на Албанците од Прешевската долина, кои се обединија во коалицијата насловена Албанска демократска алтернатива, јави дописникот на МИА од Приштина.



Во објава на својата страница на Фејсбук, Тачи порача дека примерот на единство на албанските партии од јужна Србија треба да го следат и Албанците во другите земји во кои живеат.

– Обединувањето на Албанците во Прешевската долина даде резултат. Тие сега ќе имаат повеќе пратеници кои ќе го кренат гласот за правата на тамошните Албанци. Усогасувањето на политичките дејствија секогаш дава резултати и Албанската демократска алтернатива е добар пример кој треба да се следи од нашите сонародници секаде каде што тие живеат, напиша Тачи.

Според косовките медиуми, Албанците од Прешево, Медвеѓе и Бујановац во новиот српски Паарламент ќе имаат тројца или четворица пратеници, додека во минатото не успевале да добијат повеќе од едно место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...